Skip to main content

Веќе нема „како до сега“, ново Кочани или пак Тетово не смее да ни се случи

Ова не е прва прва трагедија во Македонија со голем број загинати. Уште ни се свежи сеќавањата од трагедиијата кај Ласкарци, автобусот убиец во Бугарија, модуларната болница во Тетово.

Кој е епилогот од овие несреќи. За автобусот на „Дурмо турс“ возачот доби 14 години затвор а сопственикот на агенцијата Дурмиш Белули само четири. Уште тогаш се говореше дека малата казна е поради блиските врски со една партија на Албанците која 20 години е на власт. Не е тешко да се погоди која.

Случајот „Беса транс“ на автобусот кој се запали во Бугарија полн со патници откако удри во банкина пак Апелација го врати на повторно судење. Одговорност и таму нема.

Несреќа која може да се спореди со последната во Кочани е пожарот во модуларната болница во Тетово на Денот на независноста во 2021 година. Тој 8 септември 14 луѓе живи изгореа во т.н болница за лекување на пациенти болни од Ковид. Тогашната власт на чело со Зоран Заев и министерот за здравство не се најдоа повикани да си поднесат оставка ниту пак почутвуваа морална одговорност. Истрагата покажа дека кабелот во болницата бил виновен.

Директорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми добија условни казни.

Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница па сѐ до настанување на пожарот немале соодветни уреди за заштита од пожар. 

Содветни уреди за заштита од пожар, или народски кажано противпожарни апарати. Тоа се клучните зборови и во пожарот во Тетово и овој во Кочани. Ниту модуларната ниту дискотеката немале уреди соодветни уреди за заштита од оган. На снимката од дискотеката видовме дека пожарот го гаснат со некои мали уреди какви што некои имаат дома или во автомобил.

Затоа сега има разлика. Институциите почнаа веднаш да дејствуваат. Премиерот Мицкоски ја надледува акцијата на сите соодветни институции. Се преземааат сите чекори и за сторителите и за сопствениците на вакви објекти.Ново Кочани или Тетово не смее да ни се случи.

Поврзани вести