Skip to main content

Промовирана најновата книга на Васко Марковски „Патувања од другиот џеб“

Јовани Конкорд / Васко Марковски со промоторите на изданието Звонко Наумоски и Зоран Бендевски

Во Скопје во рамки на 10. издание на книжевниот фестивал „ArtArea“ и четвртото издание на фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“ во културниот центар „Лабораториум“ беше промовирана најновата книга на Васко Марковски „Патувања од другиот џеб“, во која Македонија повторно е главната сцена, но, овојпат во центарот не се само местата, туку пред сè луѓето и времето што тие го носат со себе.

Книгата отвора различни патишта низ Македонија, но тие патишта не водат само кон географски дестинации. Водат кон спомени, личности, необични случки и детали кои на прв поглед можат да изгледаат неважни.

За Марковски, разговорот со човекот не е само начин да се добие информација. Во него има слушање, набљудување и обид да се разбере соговорникот – неговиот карактер, јазикот со кој зборува и начинот на кој ја доживува сопствената приказна.

Тоа се чувствува и во неговиот поширок книжевен опус.

фото: Јовани Конкорд / Васко Марковски со книгите „Непозната Македонија“ и „Приказни од другиот џеб“

Автор е на поетските книги „Корпоративно утро“, „Скопски улици“ и „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“, на монографијата „Урбани легенди“, на репортажната книга „Непозната Македонија“, како и на биографијата за Јован Спасеновски-Џагула.

Од новинарството, преку патописот, Марковски стигнува и до поезијата. Паралелно со пишувањето, останува и на патот како туристички водич. Средбите со луѓе од различни места и средини му даваат можност повторно да ги гледа познатите простори од поинаков агол.

Затоа Македонија во неговите текстови не е само пејзаж. Таа е човекот што стои покрај патот. Гласот што раскажува нешто што никој не го запишал. Старата куќа во која останала нечие сеќавање. И малата случка која, ако некој ја забележи навреме, може да стане приказна. Можеби токму тука се спојуваат сите негови професии – новинарот што поставува прашања, водичот што го покажува патот, патописецот што гледа подалеку од разгледницата и поетот кој знае дека понекогаш еден збор може да каже повеќе од цел пасус. За Васко Марковски, патот можеби има крај. Но она што човек ќе го сретне на тој пат – не мора да заврши со него. Понекогаш, токму тогаш започнува приказната, велат за Марковски.

Тој е туристички водич, новинар, патописец, литературен преведувач и поет. Повеќе од две децении работи со зборот, но и со луѓето чии приказни се обидува да ги забележи пред да исчезнат во заборавот.

Работел како новинар, уредник и патописец во петнаесетина медиуми, а од 2008 до 2011 година бил главен уредник на „Free Time Guide – Macedonia“. Во 2010 година ја добива наградата „Најдобар промотор на Македонија“.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositroketbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomHoliganbetJojobetJojobetMadridbetBetparkPusulabetPusulabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbet