
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на Републичките комисии на партијата проф. д-р Иванка Василевска во панел-дискусија на тема: Креирањето на Програмите на кандидатите за градоначалници“ , организирана од страна на Партиски истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за тоа кои се најголемите предизвици при составувањето на програма за локалните избори и придонесот на граѓаните при составувањето на истата.
Василевска најнапред ја истакна комплексноста и сериозноста на самиот процесот за изработка на програма за локални избори од причини што во себе содржи повеќе програми за локални избори, бара соодветно методолошко структурирање на предлог програмите, како и соодветен избор на кандидати/ки за градоначалници и советници на советнички листи во општините. Василевска ја стимулираше и неопходноста од синергија во целокупниот процес, а со цел задоволување на потребите на најважниот чинител-граѓанинот.
Досега одиме на добар пат. Она што можеме да го забележиме и од реакциите на граѓаните е дека сакаат да ги дадат своите идеи, пристапуваат до нас не препознаваат и навистина сето ова се правеше заеднички, со еден многу широк аудиториум и цениме дека истиот на крајот ќе вроди со вистински плод“, додаде Василевска.
Пратеничката во продолжение се осврна и на основните постулати на коишто треба да почива локалната самоуправа како и поддршката којашто Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ ја дава на локалните власти за реализација на капитални проекти за локален развој.
Во суштината на сите овие програми се гледа човекот, се гледа човечкото битие и се гледаат оние основни постулати врз основа на коишто и се гради локалната самоуправа како многу значаен фактор во современиот свет. Тука мислам пред се на нула корупција, многу работа, проникливост бидејќи нашите градоначалници генерално сите градоначалници во Република Македонија имаат можност да развиваат проекти со огромна поддршка од страна на Владата, но треба да имаат и сенс- менаџерски сенс, да знаат како да се избоксуваат, да добијат донации, да направат и повеќе од она што го понудиле во програмата како тоа би се осетило. И верувајте дека добриот збор насекаде се слуша. А доброто работење, а пред се чесниот и непосредниот пристап со граѓаните доведуваат до тоа да може и она што ќе се појави како проблем во текот на патот да може и лесно да се санира“, рече Василевска.
Пратеничката зборуваше и за Законот за локална самоуправа којшто е во завршна фаза во Собранието и новините што ги предвидува истиот како можноста за референдумско отповикување на градоначалниците, облигаторноста за онлајн емитување на општинските седници и задолжението на градоначалниците и претседателите на советите за задолжителен прием на граѓани еднаш неделно.
Професорката Василевска резимираше дека сето ова е во насока на развој на плурализмот и демократските вредности чијшто стожер впрочем е партијата на ВМРО- ДПМНЕ.