
Денес Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи го усвои извештајот за напредокот на Македонија. Предлогот беше донесен од европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц.
Тој во својата изјава кажуваа дека е горд на упорната работа и одржување на добриот моментум.

Денес го усвоивме првиот извештај за Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување – изјави Вајц
Очекувано е во текот на денот да ги добиеме и деталите во врска со усвоениот извештај.