
Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок.
Од Општина Битола информираат дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани, обезбедиле бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.
Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола.

Македонски





