Skip to main content
MO-8S3UOlC0

Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Freepik

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари, додаде Петрушевски.

Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата.

Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? – Точно 69.

Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години.

Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди.

Народот и работниците ги прочитаа синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски – рече Петрушевски.

Поврзани вести