Skip to main content

Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук

Новинарот Бранко Тричковски е повикан на информативен разговор во Полициската станица Лисиче поради неговиот недоличен коментар објавен на социјалната мрежа Фејсбук. Тој на Фејсбук објави дека двајца полициски службеници дошле на неговата адреса околу 13 часот и му врачиле покана да се јави „веднаш“ кај надлежни инспектори. На самото место, како што наведува, му било кажано дека интересот на полицијата е поврзан со содржина од негов коментар, за кој имало „бурни реакции“ на интернет.

Бурните реакции се однесувале на овој дел од неговиот коментар:

“Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!”
“Ги интересираше името Христијан.
Дали сум мислел на Мицкоски.
Не, им реков, Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на стрв и несигурност, користејки ги своите медиумски песови кои се трудат да ги втераат сите овци во исто грло.” објаснува Тричковски во неговиот Фејсбук статус.

Тричковски додава дека очекувал такви реакции и дека коментарот бил „јадица“ за партиски структури.

Повикот во полициска станица доаѓа откако пропагандистот на опозициската СДСМ, Тричковски, вчера објави коментар на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со информацијата за куферот кој бил најден оставен на плоштадот ВМРО, во непосредна близина до седиштето на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарченото тело на Христијан!, напишал Тричковски.

Не е првпат Тричковски да напише ваков коментар, а потоа изговорот да биде дека корител име кое е често. Во 2020 година објави коментар на социјалната мрежа во кој меѓу другото наведе „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а по јавните реакции и неговото објаснување на својот ФБ коментар, полицијата одлучи да го гони за две кривични дела. “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ.  Но од тоа ништо.

Во 2019 година објави:

Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин. Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни.

Претходно Тричковски имаше статус:

-А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?

За поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го напишал следниот статус:

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.

Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“- фејсбук статус на Бранко Тричковски за тогашниот претседател Иванов.

И додека Тричковски нема никаква пресуда за говор на омраза и закани иако во неколку наврати јавно преку фејсбук повикувал на смрт и убиство кон јавни личности и носители на високи државни функции, актерот Тони Михајловски беше осуден за статус  „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“. Но досега против Тричковски нема никаква постапка и пресуда.