Skip to main content

Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на мандатот работи на стабилизирање на економијата и реализирање на стратешки инвестиции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Најавена е инвестиција од неколку милиони евра, во индустриската зона во Скопје, којашто ќе овозможи повеќе од 200 работни места, а ќе биде во делот на производство за извоз на бела техника.

Се работи и на три инвестиции во зоната на Штип кои ќе донесат повеќе од 1000 нови вработувања.

Стратешките цели се исполнуваат преку долгорочни планови што гарантираат одржлив економски развој и социјална стабилност.

Средствата се насочуваат кон клучните сектори и се создава можности за раст и развој и отворање на нови работни места.

Јавниот долг е намален и процентуално и во апсолутна бројка и ова е најниско ниво во последните пет години. Јавниот долг е намален 36 милиони евра во апсолутен износ или 4,7 отсто во првиот квартал од 2025 година.

Државниот долг во првиот квартал од 2025 година е намален за 3,7% во споредба со тој објавен на 31 декември 2024 година.

Се зголемува индустриското производство, реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави постојани напори за унапредување на економијата, зголемување на продуктивноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, потенцираат во соопштението.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање услови за стабилен раст и инклузивна економија за сите граѓани, додаде ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести