Skip to main content

Тошковски: Уште од првиот ден од преземањето на одговорноста, максимално посветено, професионално и транспарентно се ангажиравме во решавањето на затекнатите ситуации

Уште од првиот ден од преземањето на одговорноста, максимално посветено, професионално и транспарентно се ангажиравме во решавањето на затекнатите ситуации, напиша министерот Тошковски на својот фејсбук профил.

Наследивме хаос и неефикасност, револтирани граѓани, корумпираност во нашите редови. Ги идентификувавме пропустите и веднаш презедовме мерки со кои ја вративме довербата на граѓаните со ставање крај на хаосот во издавањето на лични документи.

Реконструкцијата на управните служби во МТВ, која ќе ја зголеми достапноста на услугите за жителите на главниот град. Набавивме нова машина за печатење документи, која тројно ќе го зголеми капацитетот за изработка на лични документи. Нема повеќе гужви, нема нарушување на достоинството на граѓаните.

Продолжуваме со унапредување и модернизацијата на услугите за побрзи и поефикасни решенија за граѓаните.

Креиравме апликација за онлајн аплицирање за дозвола за оружје преку порталот uslugi.gov.mk, што го олеснува процесот, а се намалува и можноста за корупција.

Имплементиран е нов софтвер за менаџмент на хеликоптерски операции, што овозможува подобра координација и безбедност при изведување на мисиите. Имплементирани се повеќе софтверски решенија со цел унапредување на услугата на македонската полиција за подобрување на безбедноста и ефикасноста.

Ја интензивиравме меѓународната соработка со меѓународните безбедносни организации како ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, ОБСЕ и други иницијативи и институции со што македонската полиција станува рамноправен партнер во борбата против транснационалниот криминал.

Во периодот од месец јули 2024 преку безбедносниот систем за комуникација на ИНТЕРПОЛ се зголеми бројот за 15.5 % во споредба со истиот период изминатата година. Со поддршка на ОБСЕ го отворивме регионален К9 Центар за обука и сертификација, кој ќе ги зголеми капацитетите за полициски операции со кучиња и ќе служи за обука на регионалните полициите. ОБСЕ беше и наш партнер во креирањето на апликација за едукација на полициските службеници за справување со родово базирано насилство.

Преку зајакнувањето на соработката и партнерствата со меѓународните полиции, размената на искуства и позитивни практики и преку реализација на заеднички иницијативи, значително ја зголемуваме ефикасноста и капацитетот на полицијата во решавање на безбедносни предизвици во глобални рамки.

Припадниците на сите организациски единици, сектори и одделенија, мажи и жени, рамо до рамо, секојдневни се херои на нашата професија чија професионалност и принципиелност секојдневно гарантира за безбедноста на нашите граѓани и земјата.

Хеликоптерската единица беше клучна во борбата со справување на шумските пожари ова лето

Специјалната антитерористичка единица Тигар учествуваше во над 31 оперативна акција, вклучувајќи 238 активности во акцијата „Безбедно лето“. Единицата за брзо распоредување учествуваше во 48 оперативни задачи со 574 активности за асистенција на други служби и органи, 36 обезбедувања на важни траси, спроведоа 46 лица и транспорт на вредности, обезбедуваа 21 спортски настан, 6 јавни манифестации и 464 обезбедувања на лица и објекти.

Во акцијата „Безбеден град“ секојдневно придонесуваат за безбедноста на главниот град и државата. Единицата за интервентна полиција водејќи се по Годишната програма за работа, делуваше превентивно и репресивно. Легитимираше и изврши преглед на 10.814 лица и 4.639 возила, при што приведе и лиши од слобода 1.067 лица по разни основи.

Одделот за заштита на определени личности и објекти обезбедуваше 27 странски делегации и манифестации, како и 20 акредитаци и 18 транзити. Прославата на Илинден и посетата на унгарската делегација предводена од премиерот Виктор Орбан, беа едни од поголемите настани на кои тие беа на ниво на задачата.

Одделот за Форензички испитувања прераснува во регионален центар за форензички испитувања и обуки кој може да се пофали со имресивна ангажираност.

Поврзани вести