Skip to main content

„Тигрите“ одржаа показна вежба „Евакуација од жичница“ на Водно, ги следеше министерот Тошковски

Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно, Министерството за внатрешни работи реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на МВР, сподели преку социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.

Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во надока на поголема заштита и безбедност на граѓаните“, напиша министерот Тошковски во својата Фејсбук објава.

Поврзани вести