Skip to main content

Teодор прв пат го фати крстот на реката Вардар во Скопје

Теодор Јовевски го фати светиот крст што денеска беше положен во водите на реката Вардар во Скопје од владиката Јосиф. 

Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се надева дека ќе му донесе среќа, а на другите верници им порача да веруваат во Бога.

Одбележувањето на празникот Богојавление почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф. По завршување на литургијата владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“ каде почна „Водосветот“, а потоа го положи крстот во реката Вардар.

Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава во Скопје беа пријавени над 220 граѓани.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. 

Поврзани вести