Skip to main content
Вреди најавува

Таравари ќе биде министер уште некој ден

Tаравари ќе биде во владата уште некој ден, рече градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот во таа насока. Касами повтори дека во владата, нема место за ДУИ, пренесува Алсат ТВ.

„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови“, рече Касами.

Во Владата нема место за оние кои соработувале или соработуваат со ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, владејачката партија е убедена дека нема да има поместување во бројките на парламентарното мнозинство и нема да има загрозување на бадентер.

Од друга страна пак, премиерот Мицкоски по првата, најави нова средба со Таравари до крајот на месецот.

Поврзани вести