
Борче Стојчевски од Здружение на инженери за заштита „Тутела“, за ТВ24 истакна дека голем дел од лицата кои работат со сервисирање на ПП апарати гледаат само да се замени картончето.
Како што вели, тие не работат по прописи па така има случаи во кои во апаратите за гасење пожар пронајдено е брашно, наместо прашок за гасење.
За жал сите тие кои учествуваат во сервисирањето на противпожарните апарати и опрема, секоја чест на професионалците, не си ја бркаат работата. Гледаат само да се наплати да се замени картончето на апаратите. Сум работел во фирма која работела со ПП апарати. Јас сум наоѓал брашно во ПП апаратот наместо прашок. Не можам да сфатам. Висината во објектот кој изгоре си го направи своето. Тие мали апарати таму не беа ефикасни. Ако навистина имало прашок во тие апарати, не смее да има разгорување на огнот. Ако некој ставил воздух место азот треба кривично да одговара, имаме член во Законот за тоа“, рече Стојчевски.