
„Подолго време наназад ние говориме дека една од најлошите работи што некој политичар може да ја направи е да ги потцени сопствените граѓани како што тоа СДСМ го правеа 7 години. Водењето на политика купи ден, продај потценувајќи ги сопствените гласачи секогаш води кон вакви резултати. Прво проверија на изборите како тие стојат и како тие политики завршуваат, сега и на анкетата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.
Стојаноски продолжи и истакна дека анкетата не е само за политичките показатели, туку и на владините политики.
Кога ќе се направи анализа на целата анкета, не се работеше само за анкета на политичките показатели туку и на владините политики што особено за нас е значајно бидејќи ние ја преземавме власта да решаваме проблеми, да таа руинирана, разурната држава без никаков систем ја оправиме и едноставно ни дава повеќе мотив кога гледаме дека во насока на политиките во правосудството, во економијата, граѓаните ги препознаваат реформите кои ги правиме и покрај тоа што сите беа свесни каква држава наследивме“, вели Стојаноски.
Стојаноски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на наредните локални избори ќе има убедлив историски триумф.
Ако ги видиме добро анкетите, ВМРО-ДПМНЕ на наредните локални избори ќе има убедлив историски триумф на кој сигурно ќе има петка однапред на освоени општини, многу повеќе советници кои ги има во овој момент како актуелна власт во локалната самоуправа“, кажа Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека визави целата опозиција заедно, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе триумфира на локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ на наредните избори ќе има убедлив триумф визави целата опозиција заедно, сите заедно кои се нарекуваат опозиција да се спојат ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе општини него тие заедно и многу повеќе советници него сите опозициски партии без разлика дали тие ќе настапат одделно или заеднички“, укажа Стојаноски.
Стојаноски водството на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ со 5:1 го толкува како водство против цела опозициска коалиција.
Од аспект на водството кое е 5:1 наспроти СДСМ, тоа ќе го толкувам не само како ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ туку како цела коалиција бидејќи тие се коалиција, тука ќе ги ставам ДУИ и нормално нивната ударна игла Левица која ако видите дека практиките и координациите се исти, така да тие трите да ги гледаме како еден политички субјект, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Стојаноски.
Стојаноски посочи дека конечно по многу години корупцијата и трулеж системот не доминираат кај граѓаните.
Ако ги видите и другите показатели, ќе видите нешто кое нас не импонира, а тоа е дека конечно по многу години корупцијата и тој трулеж на системот не доминира кај граѓаните бидејќи гледаат надеж, односно онаа кованица и премисла „како до сега“ повеќе не е како до сега и ние сме исклучително среќни заради тоа што граѓаните гледаат дека нема политички моќници од Мала Речица, нема ликови кои доаѓаат со патики колку цела просечна плата во Македонија, кои диктираат, кажувааат, ги водат најголемите проекти и граѓаните гледаат дека има неселективност насекаде“, заклучи Стојаноски.