Skip to main content

Стефановски: ВМРО ДПМНЕ е локомотивата која успешно може да не однесе во новата просперитетна ера

Во пресрет на конгресот, несомнено, ВМРО ДПМНЕ овие триесетина години ја диктира политичката динамика и парадигма во плурална Македонија. ВМРО ДПМНЕ ги постави темелите на нацијата и притоа со автентичните десничарски и национални политики ги развиваше и ги бранеше вредностите на тие политики ВМРО ДПМНЕ е симболиката на се што е значи патриотизам, суверинизам, и национализам.
Тоа е историски факт и институционална меморија. ВМРО ДПМНЕ е прототип на политичката сцена и чесно ја обликуваше својата платформа која беше реално прилагодена на потребите на македонските граѓани, aнализира безбедносниот експерт Милан Стефановски.

ВМРО ДПМНЕ е врежаната ДНК на секој чесен граѓанин на оваа татковина бидејќи само таа ги артикулира потребите на секој кој ја сака државата, институциите, симболите и законите. И, само ВМРО ДПМНЕ никогаш не подлегна на притисоците за промена на знамето, името и јазикот. ВМРО ДПМНЕ го задржа ова кревко мултиетничко општество во хомогена структура без разлика на соседните, регионалните и геполитички предизвици.

ВМРО ДПМНЕ секогаш била доминантна во политичките комуникации, диктирајќи го темпото на иновативност, креативност и технолошки пристап во кампањите, го има потребниот човечки и интелектуелен габарит да ги предводи економските, образовните и здравтсвените реформи во општеството.

И, она што е најважно ВМРО ДПМНЕ повеќе или помалку, но секогаш чесно и искрено ја има поддршката од народот, никулецот кој заедно растат еден покрај друг.

Со победата во Кичево ВМРО ДПМНЕ ја разби и ја закопа идеата за етнонационализам и бинационализам на корумпираните радикали во ДУИ, и го врати на голема врата граѓанскиот концепт на соживот. Оваа мисија никогаш не треба да згасне. Со победата во Кочани, ВМРО ДПМНЕ ги закопа некрифилите СДС и Левица кои ја злоупотреба најголемата колективна траума што ја имала државата во поновата историја.

Со победата во Карпош се прати пораката дека нема место во општеството за криминалци од Црната листа на САД и ќе бидат сурово елиминирани од македонскиот гласач.

Што во следната декада?!

Антикорупциска антанта со граѓаните.

Тоа е најгорливото прашање на секој граѓанин и треба буквално да се отвори војна на корупцијата и мафијата која сеуште го контролира судството и обвинителството.

Структурни реформи во безбедносниот и одбранбениот систем,

* Како поддршка во борба против корупцијата и високата/политичка корупција

* Како гарантор на системска правда и ефективна борба со организираниот криминал на повеќе нивоа

* Како систем кој ќе превенира и санкционира секаков вид на хибридни закани кои со несмалено темпо се активираат заради геоплитичката активност на повеќе антизападни државни елементи

Постојани здравствени и образовни реформи чии сегменти ја обликуваат идната здрава човечка единка во нашето општество.

Инвестиции во технологии и привлекување на инвестиции кои ќе го следат времето во кое се повеќе ќе доминира вештачката интелигенција.

Френетична и динамична дипломатска активност во насока на промоција на нашиот идентитет, иствовремено почитуван во ЕУ праведно и рамноправно со сите народи.

Зајакнување на врските со САД и следење на нивните дипломатски чекори како единствена суперсила која ја обликува меѓународната политика, односи и поредок, и за среќа благодарение на ВМРО ДПМНЕ е наш лојален стратешки партнер.

Политики на реципроцитет со соседите, како единствена мерлива алатка за взаемна почит.

Претпазливи чекори во преговорите со Софија, без гаранции секоја попустливост е чекор кон нова стапица за нови условувања.

ВМРО ДПМНЕ е локомотивата која успешно може да не однесе во новата просперитетна ера.

Честитки за староновиот лидер Христијан Мицковски кој успешно ја вози локомотивата, пишува во анализата Стефаноски.

Поврзани вести