Skip to main content

Стефаноски: СДСМ сама избра да биде под контрола на бугарските тајни служби

СДСМ сама избра да биде под контрола на бугарските тајни служби, истакна Милан Стефаноски во изјава за Kurir.mk“„Логично е СДСМ и нејзиниото раководство да биде уценето, раководено и инструирано од дел на Бугарските служби.

Зошто?!

Затоа што и Зоран Заев и Венко Филипче, двајцата лидери на СДСМ ги одбраа бугарските банки и бугарскиот имот, да регистрираат фирми и сметки во Бугарија.

По своја волја и „чиста“ совест.

Бугарските тајни служби во сигурност ги имаат информациите колку пари влегле и излегле од тие сметки.
Затоа и Заев, а денес и Филипче се најголемите застапници на бугарските интереси во Македонија.
Партискиот врв на СДСМ мора да ги следи тие политики и немаат избор.
Уценет човек не е свој човек, уценета политика веќе не домашна и автентична политика.

Затоа СДСМ е посакуван партнер на Бугарските тајни служби, затоа и СДСМ се гласнговорници и застапници на најлошиот и асиметричен договор кој преку Францускиот предлог заложници се и ЕУ и Македонија.

Колку повеќе САД и Британија инвестираат во Македонија, толку повеќе Бугарија ќе биде нервозна. Очекувајте Бугарија да ја активира цела уценета агентура во Македонија.

А, Жерновски е само маша и потрчко, политички истрошен лик. Тој беше квалитетен „дипломат“ исто колку што беше успешен градоначалник на О.Центар, а таму беше успешен толку, колку што падна трибината на Градскиот стадион“, потенцира Стефаноски.

Поврзани вести