Македонските граѓани ќе можат да патуваат во странство со старите лични карти на кои стои името Република Македонија. Тие ќе важат и ќе може да се употребуваат до датумот на нивното истекување. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги потсети граѓаните, дека мора да поседуваат нови возачки, како и пасоши со уставното име.
Личните карти важат согласно важечкиот втиснат датум во нив. Истите нама потреба да се менуваат доколку има важечки рок на датумот кој што е ефективен моментално. Согласно она кое го имаме како искуство досега врз основа на важечка лична карта апсолутно дека може да се излезе од територија на Македонија во рамки на оние држави со кои што имаме склучено билатерални договори. Заради тоа што предметната личната карта може да стане неупотреблива само доколку тоа го констатира државата со закон или друг акт, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски објасни дека граѓаните не треба да сносат туѓа вина, мислејќи на неодговорното однесување на македонските политичари во минатото. Тој упати апел до полициските службеници, да имаат разбирање за граѓаните кои се уште не извадиле нова возачка и да им дадат период на адаптација, во кој нема да ги казнуваат, туку само ќе ги опоменат.