Skip to main content

„Минимални хоризонти“ на Ана Пандевска и Дуња Иванова ја воодушеви публиката во Тирана

На 3 октомври во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана се одржа концертот”Minimal horizons” ( „Минимални хоризонти“), на кој беше претставена авторска музика за пијано и електронска трака на композиторката Ана Пандевска, во изведба на пијанистката Дуња Иванова.

Спојот на пијаното со електронскиот звук ѝ понуди на публиката несекојдневно музичко доживување и можност да се запознае со современото македонско музичко творештво. Изведбата, која бара прецизна усогласеност на живиот настап со електронската трака, беше проследена со големо внимание и воодушевени аплаузи.

Интересот за музиката и за творечкиот процес продолжи и по завршувањето на концертот. Многубројните гости останаа да разговараат со Пандевска и Иванова, споделувајќи ги своите впечатоци и поставувајќи прашања за претставениот проект.

Со овој настан, Македонскиот културно-информативен центар во Тирана ја продолжува својата програма за промоција на македонските уметници и современото македонско творештво пред публиката во Албанија.

Поврзани вести