Skip to main content

Српскиот министер за здравство: Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека 17 пациенти од Македонија се во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, јави МИА од Белград.

Тој нагласи дека  Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, и дека пристигнуваат уште 12 пациенти на лекување во Србија.

Лончар за РТС изјави дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

„Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот”, изјави Лончар.

Воедно им се заблагодари на граѓаните кои се јавија и понудија помош и кои сакаа да  донираат кожа за трансплантација.
Покажавме дека сме нормални луѓе, дека сакаме да помогнеме, дека сме солидарни“, рече Лончар.

Поврзани вести