Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Средбите на Мицкоски со високи политички претставници на САД вродуваат со плод

Знаеме дека СДС не можат да сфатат дека се во опозиција и дека уште долго ќе бидат таму, бидејќи граѓаните не им даваат поддршка за нивните политики, затоа што се лажни и лицемерни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен тоа што премиерот Мицкоски беше единствен политичар од Балканот што присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, беа остварени значајни средби со многу високи политички претставници од САД, на кои беше разговарано за инвестиции, нашиот пат кон членство во ЕУ, стратешките позиции во НАТО алијансата и нашите позиции и ставови“, се вели во реакцијта на партијата.

Премиерот Мицкоски, оствари средби со Крис Павловски, Девин Нунез, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф,Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби.

Сиве овие средби на премиерот Мицкоски се за подобрување на економијата на државата, како и промовирање на туризмот и носење на странски инвестиции во државата. Можеби на СДС ова им е чудно, бидејќи на нив освен инвестирање во сопствениот џеб од страна на Буџетот, за друго и не знаеја.

Ги потсетуваме граѓаните, дека не се сите исти. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна. На нив сестринските партии им затвораа врати пред состаноците, а на ВМРО-ДПМНЕ вратата е отворена во меѓународната заедница.

П.С. Ракувањата „на нога“ се дело на СДС, кога Димитров го фотографираше Заев на „средбата“ од 1,5 секунда со Доналд Трамп.

П.П.Македонија ја претставува премиер којшто не ја ведне главата пред светските политичари, туку го негува, промовира и заштитува македонскиот идентитет!“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести