
Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, објави на својата Фејсбук страница премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план.
Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, пишува премиерот Мицкоски во својата објава.