
Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот.
Ние сме придонесувачи на културата на Балканот, на Европа и во светот. Да го земеме примерот на древниот Константин Велики кој е наш, наше потекло и крв , потоа Јустинијан Први, Јован Дебарски основач на Охридската Архиепископија. Не можеме да негираме дека сме придонеле за европската култура, рече Ахмети.