Skip to main content

Со аплаузи и торти Мерко в општинската зграда имаше роденденска забава

Во подготовки меѓу две рочишта во судските предмети што се водат против него за набавка на луксузното службено Ауди А6, за незаконско поставување на директори во училиштата и за незаконско поставување спомен плоча на влезот од општинската зграда, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко најде време и за коктел прослава за неговиот роденден.

Ја организираа и приредија работените во Општина Струга од кои, меѓудругото, доби уметничка слика и роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува години. Видео материјали и фотографии од прославата се споделени на официјалниот Фејсбук налог на Општина Струга.

Поврзани вести