
Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, вечерва на Плоштад Македонија е во тек мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, со учество на повеќе од 120 артисти.
Караванот „Силно светнал ден“ своето патување низ Македонија го започна на 9 август од Охрид, а досега гостуваше во 11 градови низ земјата. Во реализацијата учествуваат повеќе познати македонски музички изведувачи и актери.

Македонски



