Skip to main content

Силјановска Давкова го додели признанието за истакнати личности од дијаспората

Facebook Gordana Siljanovska Davkova
Facebook Gordana Siljanovska Davkova

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области.

За исклучителна научна работа признание доби д-р Светлана Мојсов, светски позната професорка на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, која остави длабок и траен белег врз модерната медицина. Признание за извонредната поддршка и медицинска помош доби Хуманитарното здружение „ЛецКер а.с,б.л.“ (LetzCare a.s.b.l) од Луксембург.

Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка и постојана комуникација со дијаспората, којшто ќе овозможи нејзина интеграција во македонските работи.

Со „Македонија 2025“ споделуваме иста визија: да станеме компетитивен регионален економски играч, да имаме енергетска сигурност, да бидеме држава со успешен образовен и научен систем, поврзан со вештачката интелигенција и дигитализацијата, да градиме еколошка и правна држава, со силно граѓанско општество и демократска јавност“, порача претседателката.

Поврзани вести