
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со градоначалникот на Тетово кој ја поканил да присуствува на македонската вечер во рамки на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.
Од Кабинетот на претседателката попладнево информираа дека Касами ги претставил неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.
Градоначалникот ја запознал со изградбата на школските базени и ја потенцирал важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите.
Претседателка ја истакнала важноста од решавањето на проблемите врзани за младите, животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.