Skip to main content

Секоја година ќе се прави ревизија на работењето на секој функционер во државата

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати порака до некои функционери кои доаѓаат од неговата партија. Вели меѓу функционерите од ВМРО-ДПМНЕ има добри примери, но има и неколку примери кои можат и мора да работат посилно. Премиерот најави дека секоја година ќе има ревизија на работењето на секој еден функционер.

-На смееме да го разгочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина. Не смее ниту во еден момент да се заборави на народот, мора да останате сервис и на услуга на народот постојано, и само така ќе бидете гордост и на базата партијата, и на сите кои трчале, макотрпно работеле да бидеме она што сме сега, убедливо најголемата политичка сила во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на 34-годишна конференција на УМС.

Најскапото нешто што еден човек може да го остави, како што посочи Мицкоски, е чистиот образ и честа на своето име и дело по кој се препознава.

-Тоа треба да го запамети секој еден кој денес управува со државата. Сите ние денес стоиме на темелите што ги градиле нашите предци. Темели изградени од жртва, од пот, од соништа што се претвориле во химна. Земја што многумина ја пееле, ја бранеле и ја сакале, рече Мицкоски во Велес.

Поврзани вести