Skip to main content

Се закануваше со војна, а се уште зема 1500 евра државни пари од Телеком

Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади чизмите на УЧК од таван се уште добива 90 илјади денари месечно за членство во Управниот одбор на Телеком каде Владата на Македонија има ,,златна акција” и именува неизвршни членови во извршното тело на компанијата.

Покрај за Шкодране Дарлишта на Раскажувачот не му е јасно и зошто на платниот список на Телеком се уште е Нина Ангеловска екс министерка за финансии во владата на Заев која стана позната откако мистериозно ги извади парите од Еуростандард банка пред таа да пропадне.

,,Зошто овие две сеуште се на платен список на Телеком каде земаат преку 1500 евра месечно..
Да ве потсетам дека едната од овие се закануваше дека ќе вади кондури од таван и калашников…”, прашува Раскажувачот.