Skip to main content

СДСМ го нарече Деспотовски квислинг и петтоколонаш

Социјалдемократскиот сојуз и денеска тврди дека неговиот член и порано кандидат за претседател работи против интересите на партијата. Со остар речник СДСМ го нарече Деспотовски „петтоколонаш“ и „квислинг“. Кој работел со ВМРО-ДПМНЕ за уривање на партијата.

Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да го урнат СДСМ, повторно заради личен интерес. Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.

Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата? Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.

Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно. СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре“, вели СДСМ во соопштението.