Skip to main content

СДСМ бара одговорност од Тошковски за трагедијата во Кочани

Tешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем.Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ. Без селективност и без обиди да се заобиколат оние кои што имаат најголема одговорност, бара Методија Илиевски.

Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност.

После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. 

И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие.

-Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.

Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице.

Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви.

Во Скопје, беа прегазени жена и дете.

Сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци  беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје. 

Безбедноста на граѓаните не е на нај високо ниво.

Безбедносниот системот целосно потфрли. Превенцијата која што е директна надлежност на МВР и Панче Тошковски затаи. Контролите ги нема. 

Има само последици, тешки и недозволиви. 

Затоа СДСМ бара:  оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски.

Граѓаните мора да се чувствуваат сигурно на улиците, децата мора да растат во безбедна средина, а институциите мора да бидат во служба на народот.

Поврзани вести