Skip to main content
RqLJ9oOiT2M

Сашко Кедев ќе ги сподели искуствата од искачувањата на врвовите Канченчунга и Гашербрум 1 во недела во Македонската филхармонија

Кога во 2009 година кардиологот и алпинист, академик Сашко Кедев го искачил Монт Еверст, не размислувал дека 16 години подоцна ќе стане единствениот Македонец кој ги има освоено сите 14 врвови над 8.000 метри надморска височина и сите највисоки врвови на сите седум континенти. Интересно е што тој успеа 13 врвови да ги искачи за помалку од четири години. По освојување на секој врв се враќа со нова лекција, а искуствата ги споделува со јавноста, на предавањата кои ги организира во Македонската филхармонија.

Тој во недела, на 23 ноември, во 19 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе има презентација за искачувањето на сите 14 врвови на 8.000 метри, со посебен акцент на овогодишните искуства на Канченчунга и Гашербрум 1 во Пакистан. Влезот за предвањето на академик Кедев е бесплатен.

Тие 14 врвови се наоѓаат во Азија. Седум од нив се на Хималајскиот масив, во Непал, два се во Кина, Тибет и пет се во Пакистан. Останатите седум највисоки врвови на секој континент се поединечни врвови на секој континент (Seven Summits). Во Македонската филхармонија ќе имам презентација на сите 14 врвови над 8000 метри, нема многу да се задржам на тие Seven Summits, бидејќи повеќе пати се презентирани, туку главниот акцент ќе биде на 14-те врвови со посебно нагласување на овогодишните искуства на Канченчунга, која што на Истокот ја викаат ‘планината со најзначајно спиритуално влијание воопшто’ и на Гашербрум 1 во Пакистан, вели проф. д-р Кедев.

14-те највисоки врвови кои Кедев ги освои се: Монт Еверест (8.848 м.) Неепал/Кина, Планината К2 (8.611 м.) Пакистан / Кина, Канченџунга ( (8.586 м.) Непал/Индија, Лхоце (8.515 м.) Непал /Кина, Макалу (8.485 м) Непал / Кина, Чо Оју (8.188 м.) Непал / Кина, Дхаулагири I (8.167 м.) Непал, Манаслу (8.163 м.) Непал, Нанга Парбат (8.126 м.) Пакистан, Анапурна I (8.091 м.) Непал, Гашербрум I (8.080 м.) Пакистан / Кина, Броуд Пик (8.051 м.) Пакистан / Кина, Гашербрум II (8.034 м.) Пакистан / Кина и Шиша Пангма (8.027 м.) Кина/Тибет.

Во интервју за „Република“ Кедев говори за искуствата од искачувањата, што го учи планината и за она што го плени во Истокот.

Генерално, има голема разлика помеѓу животниот стил, менталитетот, културата на западните и источните цивилизации. Ние повеќе сме ориентирани на надвор, многу е очигледно дека Истокот е фокусиран на внатре. И тоа е суштинската разлика. Ние сите ја имаме вистината. Но, ние на Западот некако не ја гледаме вистината и сме преокупирани со секојдневнието коешто на некој начин не гази и го пропуштаме моментот. Постои единствен момент, тоа е сегашниот момент. На Истокот, во нивната суштински менталитет, цивилизација и култура е оринтираност на внатре, вели д-р Кедев.

Поврзани вести