Skip to main content

Сајкоски: Илинден е потсетник дека слободата и независноста се избор и обврска на секоја генерација

Facebook/Ѓорѓија Сајкоски

Денес, на 2 Август, се сеќаваме на двата големи Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Ова се датуми врежани во нашата историја, симболи на борба, храброст и стремеж кон слобода и државност, објави Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Илинден е потсетник дека слободата и независноста се избор и обврска на секоја генерација. Нека овој ден нè инспирира да го чуваме нашето достоинство, да ја градиме Македонија како силна, праведна и горда држава, и да ја пренесуваме љубовта кон татковината на идните генерации“, потенцира во објавата Сајкоски.

Да живее Македонија!

Поврзани вести