Skip to main content

Роберт Милески за професорот Пивоваров: Ми се гади, ми се повраќа од вакви!

Роберт Милески на својот профил на фејсбук зборува за дволичното однесување на професорот Владимир Пивоваров, партиски насочениот професор кој станува редовен „експерт“ во медиумите блиски до сега опозициската СДСМ. Тој имаше сосема поинаков став кога во несреќата на автобусот на „Беса Транс“, во време на владата на двоецот СДСМ/ДУИ во која загинаа 45 луѓе, безмалку го обвини самите жртви. Смета дека во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“, „највечатливо е однесувањето на Министерството за внатрешни работи“ додавајќи дека корупцијате е „основа на се што ни се случува.

И сега? Треба повеќе да се зборува? Цел живот на државна цицка, од Удба, безбедносни служби, професор, па до национален координатор на муртинскиот предавнички гној!
Ете, за несреќата со Беса Транс виновни беа мртвите патници што не ја провериле лиценцата, сега оставки бара.
Веројатно уште да беа на власт истиов ќе ги накривеше починатите (Бог да ги прости) што не ја провериле лиценцата. Извинете за цинизмот, ама ми се гади, ми се повраќа од вакви! 🤮
👉 ОВА е трулиот систем!
Со какви златни и квалитетни луѓе располага Македонија, ама како заради ваквите да дојдат до израз? КАКО!? Ајде кажете ми, еве јас не сум паметен, пишува Милески.