Skip to main content
Министерство за здравство

Реновирањето на КАРИЛ е важен проект кој има за цел да го зголеми капацитетот и квалитетот на услугите кои се нудат на пациентите

Министерството за здравство соопшти дека продолжува да ги презема сите неопходни мерки за да ја осигура највисоката можна грижа за пациентите, додека истовремено се реализираат неопходните обновувања и подобрувања на здравствените установи.

Реновирањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е важен проект кој има за цел да го зголеми капацитетот и квалитетот на услугите кои се нудат на пациентите, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство информираат дека активно работат на пренасочување на пациентите кои имаат потреба од интензивна нега во други високо специјализирани здравствени установи, како што се ГОБ ,,8 Септември“, Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија.

Овие мерки ќе осигураат дека пациентите ќе добијат најдобра можна грижа без никакво намалување на квалитетот на услугите, се наведува во соопштението.

Проектот на реновирање, како што посочуваат од Министерството, е целосно во согласност со планот за модернизација на здравствените капацитети, кој има за цел да ја зголеми ефикасноста на здравствениот систем во долг рок.

Од Министерството за здравство велат дека ги имаат предвид сите потреби на пациентите и дека продолжуваат да се грижат за нивната здравствена безбедност во текот на овој процес.