
Утрово се случил грозоморен случај во скопско Волково каде граѓаните се разбудиле со пукотници од огнено оружје.
Според информациите, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот.
Непосредно по пукањето, убиецот си пресудил и себеси.
Засега нема официјални информации за мотивот на убиството, ниту пак за околностите кои довеле до оваа трагедија.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата, но повеќе детали најавија во текот на денот.