Skip to main content

Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни.

Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 предмети, што значи дека вкупно за работа имале 282.470.

Помалиот број решени предмети во споредба со примените во овој период се должи на намалениот обем на работа заради многуте празници во јануари и префрлањето на предмети од претходната година. Како причина за неажурноста, беше наведено во дискусиите, се должи и на малиот број на судии. Оценката беше дека се постигнати задоволителни резултати, со оглед на околностите. Како проблем за ефикасноста на судовите беше напомената и состојбата со службите како записничари и стручни соработници, кои треба да се вработат, но за нив нема согласност од Министерството за финансии за нивно вработување.

Ова е уште една причина да бидеме погласни. Имаме испратено бројни ургенции и апели за да ја постигнеме финансиската независност на судството, но засега тоа не вроди со плод – рече претседателот на судскиот совет, Александар Камбовски.

Извештајот беше усвоен и наскоро ќе биде објавен наскоро и ќе биде достапен за јавноста.

Поврзани вести