
Поради лична несреќа,
знам како да се однесувам во случај на пожар, напиша на својот фејсбук профил професорката Дарија Андовска
⚠️Знам дека прво мора да се исклучи струјата во целиот објект.
⚠️Знам дека мора веднаш сите да го напуштат објектот.
⚠️Знам дека, доколку се влегува назад во чадот, минимум што мора е да се има мокра прекривка на устата и носот.
⚠️ Се разбира, во меѓувреме веднаш се повикува пожарна.По собирот на платото на УКИМ,
сфатив дека ретко кој знае да укаже прва помош,
иако сите полагале за возачка дозвола и тоа е дел од полагањето.
Колкумина знаат како треба да се однесуваат во случај на пожар?
Колкумина знаат како треба да се однесуваат во случај на земјотрес?
Колкумина знаат да дадат прва помош?
Ваквите обуки/тренинзи сметам дека
треба да бидат задолжителни и да се повторуваат минимум на две години.