Skip to main content

Проекти со вредност од 7 милиони евра ќе помогнат за развојот на Штип

Влада на Република Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Штип и присуствуваше на пуштање во употреба на затворен базен и беше на увид на градежни активности на асфалтирање на бул. „Партизанска“. Штип расте како центар на истокот, премиерот Мицкоски одговараше на новинарско прашање како Владата помогнала во развојот на градот.

– Ова е еден од Владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и општината, но најголем дел е од министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од 7 милиони евра се проекти кои дирекно се финансирани од централниот буџет и треба да помогнат во развојот на Штип, рече Мицкоски.

Тој истакна дека е убеден дека градоначалникот на Штип како и до сега, така и во иднина со вонредниот проектен менаџмет ќе ги сработи овие проекти и ќе додаде вредност на животот во Штип.

Поврзани вести