Skip to main content

Проданоски: Прилеп ќе добие трговски центар со забавен парк

„Градиме трговски центар со забавен парк. Нова димензија на животот во Прилеп. Прилеп заслужува нова енергија и нови можности, истакна кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски:

Денес, најавувам проект што ќе внесе свеж дух во нашиот град. Изградба на современ трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец. Ова е нешто што Прилеп до сега го немал. Место каде што ќе се сретнат бизнисот, забавата и семејниот живот

Со овој проект создаваме нови инвестиции, нови работи места и нови можности за граѓаните и локалниот бизнис. Паралелно ќе ја реконструираме улицата Александар Македонски која води кон зоната Металец.

Со тоа ќе обезбедиме модерен пристап и подобра инфраструктура за сите што живеат и работат во овој дел од градот.

Ќе работиме кон рамномерен развој на сите делови од Прилеп. Подобри услови за стопанството и поквалитетен живот за секој граѓанин.

Овој проект е само дел од мозаикот на една нова слика за Прилеп. Град што расте инвестира и создава иднина. Одличен проект за Прилеп, одличен проект за иднината што ја заслужуваме.“

Поврзани вести