
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието на Република Македонија се потпиша во Книгата на жалост за загинатите во несреќата во Кочани.

Книгата на жалост е отворена вечерва, а граѓаните можат да се потпишат во следните пет дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.