Златко Алексов, д-р по економски науки во своето предавање на осмата академија за здравство и здравствени системи се осврна на предности на централизираните јавни набавки и тоа:
Потребата која се заснова на поразителните резултати од спроведените анализи и изготвени извештаи на релевантните институции за состојбата на пазарот на стоки, услуги и работи од аспект на примената на принципите на јавните набавки.
Осврнувајќи се на концептот на централизирани набавки кој може да се воспостави на државно, регионално или локално ниво во областа на здравството, образованието, земјоделието и сл.
Се користат позитивните искуства на големите компании кои набавуваат на големо преку рационализирање на ресурсите, економизирање на трошоците, намалување на цените и зголемување на заштедите.
Со централизираните набавки:
1.Се постигнува економија на обем.
2.Се остварува најдобрата вредност.3.Монополските договори за поделба на пазарот се беспредметни.
4.Олеснување на работата на договорните органи.5.Намален број на жалбени постапки.
6.Зголемена ефикасност на Комисиите ја јавни набавки и на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Има подобрување и унапредубање на постапките од повеќе аспекти:
1.Професионализација
2.Техничка и правна сигурност
3.Административна ефикасност
4.Стандардизација
5.Зголемена одговорност