Skip to main content

Познатата научничка, Светлана Мојсов, е ќерка на Лазар Мосов, некогашен прв човек на Југославија и на Обединетите Нации

Реномираната научничка, Македонката Светлана Мојсов, хемичарка родена во Скопје, чие истражување на хормонот GLP-1 го отвори патот кон револуционерните терапии за дијабетес и дебелина, како создавање на лекот „оземпик“ пред неколку дена одржа предавање во МАНУ.

Но, малкумина знаат дека таа е ќерка на Лазар Мојсов, еден од најистакнатите југословенски политичари, роден во Неготино.

Лазар Мојсов бил прв јавен обвинител на Народна Република Македонија, како и претседател на Врховниот суд. Еден од најзначајните моменти во неговата кариера бил изборот за претседател на 32-то Генерално собрание на ООН, за мандатот 1977–1978.

Од 15 мај 1987 до 15 мај 1988 бил претседател на Претседателството на СФРЈ. Тоа суштински значело дека е претседател на Југославија иако во тогашниот систем функцијата ја вршело колективно Претседателство на СФРЈ, а секоја година еден член бил негов претседател на државата.

Поврзани вести