
Снимен во Словенија, во режија на Катарина Ристиќ-Кукла, легендарниот словенечки авангарден бенд „Лајбах“ го објави видеоспотот за песната „Љубовна машина“ (Love machine), во соработка со поп-ѕвездата Сенидах.
По албумот „Spectre“ од 2014 година, албумот „Musick“ е првото студиско долгометражно авторско издание на бендот. Делото нуди колекција од несомнено заразна попмузика која се препушта на хиперинтензивната постмодерност. Во тек на изработката се користеле различни музички помагала, од аналогни синтисајзери до играчки и многу звучни апликации.
На албумот учествувале соработници од Словенија и странство, меѓу кои и Дона Марина Мортенсон, Манца Трампуш од групата „Koala voice“, Вијаала од „The yaga yagas“, балканската попдива Сенидах, Грегор Страсбаргер од „MRFY“, како и продуцентот Ричард Икс.
На албумот се опфатени повеќе музички стилови, од К-поп и Џеј-поп, па сè до европскиот денсзвук од деведесеттите години. Уште од основањето во 80-етите години, групата користи имитација на различни стилови, сатира и преземање на постоечки културни елементи за да ги преиспита противречностите во општеството.
„Лаибах“ се претставува како колектив со препознатлив униформиран изглед и првично анонимен идентитет, а неговата мултидисциплинарна практика опфаќа музика, перформанс, визуелна уметност, инсталации и манифестни изјави.

Македонски

