Skip to main content

МОН ги објави резултатите од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови за академската 2026-2027 година

Министерството за образование и наука (МОН) објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027 година.

На веб-страницата на МОН се објавени списоци на студенти запишани во прва година кои ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид, кои воедно се објавуваат и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Според Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Македонија за студиската 2026/2027 година, кој МОН го објави во јули, приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Примените сстуденти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. 

Поврзани вести