
Почна санирањето на потпорниот ѕид кај Клиничка болница-Штип, кој пред неколку месеци се урна врз две паркирани возила. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Клиничка болница (КБ)-Штип, Владко Захариев на прес-конференција истакнаа дека со проектот дополнително ќе се прошири улицата „Тодор Коларов“ и ќе се обезбедат над 50 нови паркинг позиции
. Улицата од еднонасочна ќе стане двонасочна, со што ќе се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот Јорданов вели дека со ова ќе се реши и проблемот со сообраќајниот метеж и непрописното паркирање околу болницата, каде што, како што посочува, често има гужва и недостиг од паркинг места.
Почнати се активности за изградба на нов потпорен ѕид, практично околу Клиничка болница – Штип, поврзувајки ја новата и старата капија на болницата и проширувајки ја улицата „Тодор Коларов“, која се наоѓа наоколу болницата. Инфраструктурниот зафат е инвестиција на општина Штип во вредност од 11 милиони денари, со што ќе се овозможи пред се поголема безбедност за сите учеснции во сообраќајот, пред се на улица „Тодор Коларов“, проширувајки ја оваа еднонасочна улица во двонасочна улица и овозможувајкии повеќе од 50 паркинг позиции – вели Јорданов.

Директор на КБ-Штип, Владко Захариев, упати благодарност до Општината и градоначалникот, бидејќи болницата немала услови сама да го реконструира потпорниот ѕид.
Ова е голема помош за овој проект за реконструкција на овој ѕид, бидејки самата болница нема можност, ниту услови сама да го реконструира. Ќе имаме повеќе паркинг места и самата пристапност до болницата ќе биде повеќе квалитетна – изјави Захариев.

Со реализацијата на проектот, очекувањата се дека овој потег треба да добие нов и побезбеден изглед, а граѓаните и пациентите подобри услови за пристап и паркирање.


Македонски


