Skip to main content

Перински: За рамномерен регионален развој, неопходен ни е интегриран пристап во политиките

Од денеска па во наредните два дена заедно со градоначалниците, претставници од осумте плански региони, вработените од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, учествуваме на годишна работилница за рамномерен и инклузивен регионален развој, организирана со поддршка на Владата на Швајцарија.🇨🇭
👉🏻На отворањето на работилницата нагласив дека неопходен ни е интегриран пристап во политиките за развој, кој ќе ги земе предвид специфичните потреби и потенцијали на различните плански региони, со што ќе се обезбеди порамномерно распределување на ресурсите и можностите за развој.
✅Со Владата го направивме првиот голем исчекор со кој ќе придонесеме за локален развој. Преку јавниот повик и в година ќе продолжиме стратешки да ги поддржуваме општините, со што ќе помогнеме и на сите региони за нивен развој. Во таа насока ќе помогнат и мерките кои ги преземаме за дигитализација на општините, проектите за нивна поголема отчетност, транспарентност, отворањето на Ресурсниот центар, а значајна придобивка за целиот систем на функционирање на локалните единици, а со тоа и на регионите и нивен развој, ќе постигнеме и со планираните измени на Законот за локална самоуправа.
ℹ️Рамномерниот регионален развој не е само прашање на рамнотежа и правичност, туку и клуч за стабилен и одржлив економски раст на целата земја, напиша на Фејсбук, Златко Перински.

Поврзани вести