Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека премиерот Христијан Мицкоски ги контролира парите од буџетот наменети за општинските проекти од унгарскиот кредит.
И верувајте дека го прави тоа, затоа што е исклучително важно парите од буџетот да се потрошат и реализираат онаму каде што се наменети. Овие пари одат на наменски сметки и не можат да се искористат за друго освен за наменскиот проект – рече Перински.
Министерот рече дека досега Македонија немала ваква Влада, пријателски настроена и подготвена да помогне на локалната самоуправа.
„Верувајте, ваква влада Македонија немала во историјата. И тоа ќе се покаже и понатаму, ќе се уверите“, рече Перински.