Skip to main content

Перински: Регионален развој, локалната самоуправа и европски искуства во фокусот на новото партнерство меѓу Скопје и Будимпешта

На покана на министерот за јавна администрација и регионален развој на Унгарија, Тибор Наврачич, остваривме значајна средба во Будимпешта посветена на соработката меѓу нашите две земји, објави на својот фејсбук профил Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Разговаравме за воспоставување цврсти темели за пренос на искуства и знаења во областите на регионален развој и локалната самоуправа, вклучувајќи ја и размената на практики од користењето на фондовите на Европската Унија.

Преку координација и соработка на двете министерства- регионален развој, локалната самоуправа и европски искуства во фокусот на новото партнерство меѓу Скопје и Будимпешта.

Поврзани вести