
Кривичниот суд му одредил осум дена притвор на скопјанецот кој во неделата ја искрши влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје на барање на обвинителството поради можност за бегство и дека ќе го повтори кривичното дело.
– На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец – соопштија надлежните.
Скопјанецот во неделата ја искршил влезната врата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје. Инцидентот е потврден со фотографии и видео, објавени од бугарското Министерство за надворешни работи, кое реагираше остро, оценувајќи го настанот како напад врз дипломатската мисија на државата. На видеото, напаѓачот се приближува до амбасадата и со силен удар замавнува кон вратата, по што заминува.

Македонски




