Skip to main content

Османи бара оставка од Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од  ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до  министерот за животна средина Изет Меџити  и негов противкандидат за градоначалник на Чаир, и јавно побара да си даде оставка од функцијата, обвинувајќи го дека не само што ги користи државните ресурси за сопствена кампања, туку и директно го загрозува здравјето на граѓаните со својата неактивност.

Османи истакна  дека во ситуација кога јавноста очекуваше реакција, инструкции и информации од Министерството за животна средина, Меџити не се појавил ниту пред јавноста, ниту на терен, додека граѓаните во Трубарево морале да се евакуираат доцна во ноќта, а целиот град се задушувал во отровен чад.

Најпрво, сметам дека тој требаше да поднесе оставка уште истиот ден кога се кандидираше, за да биде натпреварот еднаков. Меџити, наместо да ја напушти функцијата кога влезе во изборна трка, остана министер со полн капацитет и буџет на располагање, нешто што е длабоко неморално и нефер. Се кандидира со платата на министер и прави кампања во Чаир со ресурсите на министерството – рече Османи.

Поврзани вести